Вселенски телескоп сними голема експлозија во вселената Супернова

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб, сними досега невидена експлозија, Супернова на ѕвездата SN 1987Q, која е оддалечена 168.000 светлосни години. Ѕвездата се наоѓа во Големиот Магеланов Облак и беше набљудувана низ сите можно бранови должини, од радио до гама, пренесе Science Alert.

Телескопот сега откри досега невидени структури во растечкиот облак кој се формираше околу внатрешноста на ѕвездата која експлодира. Обликот на исфрлениот материјал има структура на песочен часовник, а во средината има многу темна точка во форма на клучалка.

Тоа е кластер на прашина толку густа што дури и телескопот не може да продре и сними што се случува во неа. Научниците веруваат дека постои скриена светлина која патува низ неа. Доказите сугерираат дека содржи срце на експлодирана ѕвезда, која сега е еден вид неутронска ѕвезда.

Ѕвездата е опкружена со светол прстен кој го опкружува екваторот и формира структура на песочен часовник. Светлите точки во прстенот се топли одливи создадени кога материјалот од суперновата се судрил со материјалот исфрлен од ѕвездата на крајот од нејзиниот живот.

Телескопот забележал во внатрешноста на прстенот нешто што досега не е видено, чудни структури слични на полумесечина.

„Сметаме дека овие полумесечини се дел од надворешните слоеви на гас што излегле од експлозијата на супернова“, објаснуваат од НАСА.

„Нивната светлина може да биде показател за оптички феномен кој е резултат на набљудување на материјалот кој се шири во три димензии. Со други зборови, поради нашиот агол на гледање, ни се чини дека има повеќе материјал во овие две полумесечини отколку што тоа е случај“, додаваат од НАСА.

Центарот на оваа супернова сè уште останува мистерија

Џејмс Веб е револуционерен инфрацрвен вселенски телескоп вреден 9 милијарди долари, кој е 100 пати почувствителен од телескопот Хабл. Го набљудува просторот главно во инфрацрвениот спектар, поради што може да навлезе низ темните облаци од гас и прашина.

Хабл првенствено работел на оптички и ултравиолетови бранови должини. Но, во случајот со SN 1987A, центарот на суперновата е толку густа што дури ни Џејмс Веб не би можел да навлезе во него. Значи не сме ја набљудувале директно неутронската ѕвезда што експлодирала толку фасцинантно пред 168.000 години.

Scroll to Top