За голотија на трибините во Катар се оди право во затвор

By

Светското првенство во фудбал е закажано од 20 ноември до 18 декември и ќе биде првото што ќе се одржи на крајот на годината.

dobivaj vesti na viber

Катар ќе биде домаќин на најдобрите 32 селекции на планетата, но и нивните навивачи и навивачки кои ќе мора да ги почитуваат локалните закони. Овие закони се многу различни и построги од оние на повеќето земји кои играат на Светското првенство.

Навивачите би можеле да се соочат со парични казни, па дури и затворска казна доколку изберат да ги соблечат дресовите, и покрај температурите кои се очекуваат да бидат многу високи во Катар за време на Мундијалот.

Според катарскиот закон, работите кои се сметаат за безопасни во Европа, како што се јавно прикажување на наклонетост или носење разголена облека, може да доведат до апсење, а навивачките ќе мора да бидат дополнително внимателни за тоа да не ја покажуваат кожата.

Не се очекува од жените кои не се од Катар да го следат строгиот муслимански кодекс на облекување и да носат абаја (традиционална долга црна наметка), но се очекува да ги покриваат долните и рамениците.

Слично на тоа, мажите ќе се соочат со парични казни и затворска казна ако се соблечат, додека маиците без ракави и навредливи слогани не се дозволени.

Навивачите може да бидат погодени и со казни до 2.500 евра за фрлање отпад за време на турнирот. Некои места во Катар ќе имаат построги правила од другите, иако се очекува да има многу чувари задолжени да ги забележат оние што ги прекршуваат.

На веб-страницата на турнирот има јасна инструкција за навивачите:

– Гостите можат да носат облека по свој избор. Се очекува посетителите да ги покриваат рамената и колената кога ги посетуваат јавните места како што се музеите и другите владини згради. Костимите за капење се дозволени на хотелските плажи и базени. Навивачите кои присуствуваат на натпреварите треба да имаат предвид дека не е дозволено соблекување на дресовите на стадионот.

 

Ќе ви се допадне