Саудиски милијардер платил 2,4 милиони евра за вип билет за пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Пари Сен Жермен и ол-стар тимот од Ријад, објавија француските медиуми.
Натпреварот би требало да биде последен натпревар на кој како ривали на теренот би учествувале големите фудбалски ѕвезди, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, пишува весникот Екип.
Меси игра за Пари Сен Жермен, а Роналдо неодамна како слободен играч од Манчестер Јунајтед се пресели во Саудиска Ал Наср каде според договорот за две години треба да заработи 200 милиони евра.
Договорот предвидува и дека Роналдо ќе биде еден од главните промотори на кандидатурата на Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.