За запленетата јахта на руски олигарх стигнале 63 понуди

Шеесет и три понуди биле доставени за суперјахтата „Аксиома“, која беше дадена на продажба на аукција во Гибралтар. Во соопштението кое го издале од канцеларијата на Врховниот суд, е наведено дека трансакцијата со избраниот понудувач ќе биде завршена за 10 до 14 дена.

Вредноста на суперјахтата на олигархот Д’митри Пумпјански, наводно била 75 милиони евра, но пред да биде запленета, заинтересираните за неа, можеле да пловат за цена од 635.000 евра неделно. „Аксиома“ е првата суперјахта која е запленета од Русин и ставена на продажба.

Заплената стигна откако претходно годинава беа воведени економски санкции врз руските богаташи, поради руската инвазија на Путин врз Украина.

Останува нејасно за што парите од продажбата на оваа јахта, долга 72,5 метри, ќе бидат употребени. Американските власти деновиве дозволија и американски граѓани да учествуваат на аукцијата.

„Аксиома“ во 2013 година ја изгради компанија Dunia Yachts. Се смета за популарен брод меѓу богатите и влијателни лица и во поголемиот дел од периодот во годината е зафатена. Нуди сместување за 12 гости. Има шест кабини и екипаж од 20 членови.

Внимателно е одржувана во текот на годината, а конечно целосно е реновирана во 2020 година. На бродот има 3Д кино и голем базен, џакузи и простор за дружење. Внатрешноста ја дизајнираше легендарниот Алберто Пинто, кој ѝ даде елегантен изглед.

 

Суперјахта на руски олигарх се продава на аукција по цена од 75 милиони долари

Scroll to Top