Задоцнил на мечот со Барса поради секс, им дал три гола, па се разбудил со три навивачки на Реал

Колумбискиот фудбалер Фаустино Асприлја е еден од ретките кои може да се пофали дека и дал три гола на Барселона во Лига шампиони. Натпреварот се играше во 1997 година и му беше првиот во Лига шампиони. Иако беше најавен во почетниот состав пристигна нешто подоцна на стадионот.

На крај излезе на терен пред судијата да даде старт за почеток на натпреварот.

„Задоцнив затоа што имав секс со една од моите девојки од Англија“, рече Асприлја кој се правдаше дека отсекогаш жените му биле слаба точка.

За помалку од 50 минути им даде три гола на Шпанците, а откако УЕФА му ги објави головите откри и дека по натпреварот се разбудил во кревет со три девојки, навивачки на Реал Мадрид.

За потсетување, Асприл во Европа играше за Парма и Њукасл, клубови кои во деведесетите важеа за големи и квалитетни тимови.

Scroll to Top