Загина осумнаесетгодишен возач на Формула 1 на трка во Белгија

Возачот на Формула 1, Дилано Ван Т Хоф (18) од Холандија, загина на трката од Европскиот регионален шампионат на патеката Спа-Франкоршамп во Белгија.

По силен дожд и многу тешки услови на патеката, Ван’т Хоф се нашол во судир во кој учествувале пет возила. Тој се вртел на патеката, а потоа неговиот болид со голема брзина го удрил автомобилот на возачот Адам Фицџералд.

„Ние сме уништени што изгубивме еден од најголемите холандски таленти, кој донесе толку многу енергија во нашиот тим во текот на годините кога се тркаше со нас. Дилано е дел од нашето тркачко семејство од 2021 година. Би сакале да изразиме искрено сочувство до семејството на Дилано и на најблиските. Им ја даваме нашата целосна поддршка, како и на нашите членови на тимот, кои загубија не само совозач, туку и пријател“, соопштија од тимот на MP Motorsport.

Scroll to Top