Замина во трагедија која не можеме ја разбереме: членовите од скопскиот бенд „Андан“ се простија од Филип кој падна од зграда

Членовите од скопски бенд „Андан“ се простија од нивниот колега и пријател Филип кој загина паѓајќи од балкон од зграда во Центарот на Скопје. Неговата девојка која беше најдена до него, e пејачка од друг скопски бенд и таа се бори за живот.

„Филип беше прекрасна личност и еден од столбовите на бендот. Беше со нас уште пред да се собереме. Деновиве работеше на ново видео. Правевме музика заедно, а тој беше креатор на неверојатни анимации и видеа за песните и албумите. Замина во трагедија која не е разбирлива за нас и никогаш нема да биде. Беше вистински херој, или како што рече Дарко: Вечно ќе те држиме внатре, некаде“, стои во пораката.

За потсетување, Филип со неговата девојка беа најдени паднати на булеварот Климент Охридски во Центар, а од МВР засега не можат да утврдат дали станува збор за несреќен случај, самоубиство или убиство. Девојката која се бори за живот е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Девојка се бори за живот по пад од тераса, неофицијално- пејачка од познат скопски бенд

Scroll to Top