Запознајте се со малите штрумфови во Ист Гејт

Штрумфовите кои се во Ист Гејт Мол до 9 Декември, се главни протагонисти во кампањата #SmallSmurfsBigGoals–#MалиШтрумфовиГолемиЦели. Кампањата има за цел да ги охрабри сите и да ја подигне свеста за солидарност и преземање на големи чекори во справување со предизвиците на човештвото.

Штрумфовите се признаени амбасадори кои можат да го дадат својот пример за зачувување на планетата, намалување на екстемната сиромаштија и гладот и промовирање на мир во светот.

Интерактивната поставка на селото на Штрумфовите е прекрасен пример за целата јавност за дружење, заедништво, социјализација, добри вредности.

Штрумфовите се симбол на одржливо живеење, тие живеат во шума, се во нивното село е направено од природни материјали, тие се грижат за чиста природа, секаде се движат пеш, не загадуваат, и се солидарни еден спрема друг.

Во селото на Штрумфовите децата бојат цртежи со дрвени боички со главните вредности и пораки #MалиШтрумфовиГолемиЦели.

Scroll to Top