Заради тајни исплати на фудбалерите во време на пандемијата, Јувентус е казнет со одземање на 15 бода

Федералниот суд го казни тимот на Јувентус и му одзеде 15 бода од табелата во италијанското првенство Серија А, откако го прифати барањето на Италијанската фудбалска федерација за повторно отворање на случајот во кој клубот е обвинет за фалсификување приходи.

Во истрагата под името „Призма“, Јувентус извршувал тајни исплати на фудбалерите во време на пандемијата на коронавирус и со тоа ги прекршил правилата.

Обвинителот Џузепе Кина бараше да му се одземат девет бода, но судот донесе построга казна и му одзема 15 бода, а суспендирани се и првите луѓе во клубот Андреа Ањели, Фабио Паратичи и Федерико Керубини.

Паратичи е суспендиран на две и пол години, Андреа Ањели и Маурицио Аривабене по две години. Забрана за вршење каква било функција во фудбалот доби и поранешниот играч и потпретседател на клубот Павел Недвед.

Јувентус има право на жалба и најави дека тоа ќе го направи под итна постапка. За потсетување, по донесената одлука клубот падна на табелата и сега е на 10 место.

Scroll to Top