Застрелан во глава фудбалерот Лаутаро Ронки кој важи за еден од најголемите аргентински таленти

Лаутаро Ронки (18) кој важеше за еден од најталентираните млади аргентински фудбалери, е застрелан од непознати вооружени лица. Нападот се случил во кафуле во Росарио, каде што Ронки седел со својот пријател Ерик Дијаз.

Според аргентинските медиуми, вооружени напаѓачи упаднале во кафулето и почнале да пукаат. Еден куршум го погодил Ронки во главата, а шест куршуми го погодиле во телото. Тој бил веднаш хоспитализиран, по што му била извршена операција на главата, но и понатаму е во критична состојба и приклучен на респиратор.

Неговиот пријател Ерик Дијаз бил убиен на лице место.

Веста за пукањето ја пренесе и клубот „Рејсинг“, каде што Ронки игра веќе неколку години.

 

Scroll to Top