„Жена од султана“ гостинка на фудбалски турнир во село Глумово

Во недела на 14. август ќе се одигра големото финале од фудбалскиот турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“, на кој ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени наградите на шеснаесеттиот по ред Мемориријален турнир во мал фудбал кој се одржува во период од 15. јули до 14. август.

Ова е спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните. За тоа најдобар пример е општината Чучер Сандево, лоцирана на падините на Скопска Црна Гора, која иако мала по големина, покажува големо срце и огромно чувство за почитување и помагање востановената традиција да се одржи и продолжи, велат организаторите.

Имено во село Глуво се одржува турнирот во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар, легендарниот Љубомир Рајчевски – Рајче, чие потекло беше токму оттаму. Настанот е под генерално покровителство на општината Чучер Сандево, како и од граѓаните на село Глуво.

Организациониот одбор на турнирот ги охрабрува сите љубители на фудбалот да бидат дел од финалето на овој традиоционален спортски настан, а најдобрите и публиката ги очекува големи изненадувања и вредни награди. Покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот.

Годинава по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, организаторот како специјална гостинка најавува уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која ќе го збогати големото финале и ќе ја забавува публиката со својот двочасовен концертен настап. Со ова се очекува завршната вечер на турниот да се претвори во вистински спортско-естраден спектакл.

 

Scroll to Top