Жена откри како го фатила сопругот дека ја изневерува по 15 години брак

Анонимна жена за порталот Mamamia откри како го фатила сопругот дека ја изневерува по 15 години брак. Вели дека ги открила знаците кои ги забележала и дека иако на почетокот верувала во неговите чудни одговори и изговори, знаела дека ја изневерува.

Откри дека сопругот негирал дека ја изневерил, па ангажирала приватен детектив за да ги потврди сомнежите. За неа тоа било сламка за спас, но и помогнала да се ослободи од стресот.

„Сега сум силна, способна и не чувствувам срам, а бев многу тажна, затоа што ме скрши лицето кое го сакав и во кое верував“, рече таа.

„Посетите во вежбалница беа пречести. Почна да купува многу подобра долна облека. Комплетниот изглед му се промени на подобро. Ги промени навиките со мобилниот телефон. Беше постојано на социјалните мрежи, залепен за телефон, функцијата кога последен пат е онлајн му беше исклучена, а шифрата му стана тајна. Наеднаш престана да грчи. Почна да ги исклучува семејните активности и ги избегнуваше заедничките пријатели. Имаше сè повеќе работни обврски. Не се јавуваше на телефон додека беше надвор од дома. Кога доаѓаше мирисаше на парфем. Не сакаше да ме допира, а се бунеше кога ќе го допрев. Не сакаше да имаме секс. Престана да покажува интерес за заеднички живот и не сакаше да споделува детали од нашиот живот“, рече таа.

 

Scroll to Top