Жена по 960 обиди положила за возачка, за тестовите потрошила 11.000 фунти

Жена од Јужна Кореја по 960 обиди положила за возачка дозвола. Положила по 15 години, а за тестовите потрошила 11.000 фунти. Приказната на Ча Са-Сун станала популарна на „Редит“, каде што привлече внимание поради нејзината истрајност. Првиот тест го направила во април 2005 година.

И покрај неуспехот не се откажала да полага повторно. Рече дека полагала секој ден, пет дена во неделата во период од три години. Ча Са-сун го полагала тој тест 10 пати, со што вкупниот број на возачки испити достигнал 960, со писмениот и практичен дел.

Потоа намалила на само два пати неделно, додека конечно не го положила писмениот тест, по нејзиниот 860-ти обид. Потоа преминала на практичниот тест, кој исто така се покажал како вистински предизвик.

Тој тест морала да го полага 10 пати, со што вкупниот број на возачки испити достигнал 960, со писмениот и практичен дел. Цената за сето ова изнесувала околу 12.500 евра, односно 11.000 фунти.

Но и покрај високите трошоци, не се откажала бидејќи морала да положи заради нејзиниот бизнис со продажба на зеленчук. Нејзиниот инструктор рече дека им паднал голем товар и на неа, но и на него кога положила.

„Кога конечно ја доби дозволата, сите излеговме и навивавме за неа. Ја гушнавме и ѝ подаривме цвеќе. Немавме храброст да ѝ кажеме да се откаже бидејќи постојано доаѓаше“, рече тој.

Нејзината приказната стигна на сите светски насловни страници поради нејзината истрајност, правејќи ја национална славна личност. Дури ѝ беше подарено сосема ново возило во вредност од 13.000 евра, 11.640 фунти од јужнокорејскиот производител на автомобили „Хундаи“.

Нејзината приказна неодамна повторно се појави и на „Редит“, поттикнувајќи ги луѓето да ги споделат своите размислувања за нејзината истрајност на патот да положи за возачка.

Scroll to Top