Жена прогласена за мртва во САД пред 31 година, пронајдена е жива во Порторико

Патриша Копта, од Пенсилванија, е пронајдена во дом за стари лица во Порторико повеќе од 30 години откако е пријавена за исчезната. При претресот истражителите не успеале да најдат корисни информации, па жената била прогласена за мртва. На прес-конференција, било откриено дека Копта талкала низ северниот дел на Порторико некое време пред да биде однесена во дом за стари во 1999 година.

Некогаш позната како уличен проповедник во нејзиниот роден град, таа првично го чувала своето минато во тајност додека била во Порторико. Но, таа почна да открива детали бидејќи боледувала од деменција, изјавил заменик-началникот на полицијата, Брајан Колхеп. Социјален работник во домот собрал доволно информации за жената за да ги извести властите. ДНК тестот официјално го потврдил нејзиниот идентитет, пишува Асошиејтед прес.

Нејзиниот сопруг Боб Копта (82) и сестрата Глорија Смит (78) дадле детали за животот на исчезнатата жена. Патриша била позната по прекарот „Врабец“ поради нејзината слаба градба и често одела по паркинзи и прометни патишта за да ги предупреди минувачите и возачите за крајот на светот.

Меѓутоа, пред да почне да проповеда, Патриша била студентка која работела како модел и инструктор по танц. Нејзината 78-годишна сестра се присетила како Патриша често одела на одмор во Порторико со своите пријатели пред да се омажи.

Патриша била прогласена за мртва седум години по нејзиното исчезнување

„Една вечер дојдов дома, а таа едноставно ја немаше“, рекол нејзиниот 86-годишен сопруг Боб Копта.

Тие биле во брак 20 години пред нејзиното исчезнување. Тој се присетил дека се сретнале во близина на реката во Питсбург каде што имал брод. Се спријателил со нејзините пријатели и се заљубил. Тие се венчале во 1972 година.

Нејзиното исчезнување го збунило семејството, но и полицијата. Боб се присетил како неговата сопруга еднаш му спомнала дека би сакала да оди во Порторико поради убавото време. Тој во еден порторикански весник објави дека неговата сопруга исчезнала, но не добил никаков одговор.

Полицијата со години не успевала да најде трага што ќе ги доведе до исчезнатата жена, па Патриша била прогласена за мртва седум години по нејзиното исчезнување.

Кога првпат била примена во домот за стари лица, Патриша изјавила дека пристигнала во Порторико со брод за крстарење од Европа, соопшти полицијата. Откако социјален работник контактирал со полицијата во Пенсилванија, била потребна речиси една година примероците од ДНК да потврдат дека жената во домот за стари лица е навистина Патриша Копта.

Нејзиниот сопруг не се преженил, но рекол дека не планира да ја посети и дека сега се обидува да го заборави минатото, иако му е мило што знае дека таа е згрижена. Глорија сè уште планира да ја посети својата постара сестра.

 

Scroll to Top