Жена се породи среде концерт на „Металика“

Џојс Фигуеиро, обожавателка на групата „Металика“ се породи среде концерт на познатиот бенд во Бразил. Иако била во 39. недела од бременоста, таа не сакала да го пропушти нивниот настап. Потоа на Инстаграм објави дека се породила за време на концертот, а потоа веста ја споделија и членовите на „Металика“.

„Никогаш не замислував дека моето момче ќе одлучи да се појави на концертот на Металика на три песни пред крајот. Секогаш кога одам на концерт секогаш нешто се случува, но ова ги надмина моите очекувања“, напишала Фигуеро на Инстаграм.

Во текот на концертот таа седела во специјално ограден простор. Кога почувствувала дека почнале породилните болки, медицинските лица на концертот сакале да ја однесат во болница, но било доцна, па се породила таму.

Нејзиниот син Луан се родил во 23:15 часот, на време да слушне во живо еден од најголемите хитови на „Металика“, Enter Sandman.

„Тоа беше луд ден. Се чувствувам одлично и се обидувам да сфатам како се случи ова. Ви благодарам на сите за љубовта и пораките“, додала таа.

Scroll to Top