Жена се породи во авион додека летала за Амстердам

Жена се породи во авион на летот од Еквадор до Амстердам, објави холандската болница која ја презела патничката. Неколку часа пред слетувањето, жената почувствувала контрации во стомакот. Таа аведнаш заминала во тоалет и по неколку кратки конртакции родила син, велат од болницата, додавајќи дека жената тврди дека не знаела дека е бремена.

Во авионот имало двајца доктори и медицинска сестра од Австралија кои ѝ пружиле помош. Како што наведуваат од болницата, мајката на синот му го дала името по еден од луѓето што ѝ помогнале, Максимилијан.

Мајката е префрлена во болница по слетувањето на аеродромот „Шипхол“ и тие се во добра здравствена состојба.

Scroll to Top