Жена се породи во автобус, детето до 18 години ќе има бесплатен превоз

Машко бебе се родило кон средината на август во автобус на релација Париз – Варшава.

„Се роди момче. На 17 август примивме неочекуван патник, кој реши да ја почне животната авантура во FlixBus“, напишаа од автобуската линија, каде што се роди бебето.

„Мајката патуваше со нас од Париз до Варшава, а породувањето почна непосредно пред да пристнеме на станицата во Познањ. Ситуацијата беше динамична, но благодарение на брзата реакција и поддршката на возачот и патниците, сѐ помина без компликации”, додадоа тие.

По породувањето, мајката и синот биле префрлени со брзата помош и безбедно пренесени во болница.

„Момчето ќе добива бесплатни возења на FlixBus и FlixTrain од нас до неговиот 18-ти роденден. Бидејќи ова е трето бебе родено тука, имајте предвид дека иако бесплатните возења се одлични, ова не е натпревар“, напишаа тие во објавата.

Scroll to Top