Алис Коен со сопруг Роналд го тужат познатиот италијански ресторан „Етали“ во Бостон, од кого бараат отштета од 50.000 долари. Алис го тужи ресторанот затоа што за време на дегустирањето храна, се лизнала од парче пршута на подот, па си го скршила зглобот.
Во тужбата објаснила дека се здобила со физички повреди и дека ја страдала и физички и емоционално. Ги навела и медицинските трошоци за болничко лекување и физикалната терапија, која според приложените документи изнесува повеќе од 7500 долари.
View this post on Instagram
Во тужбата тврди дека персоналот во ресторанот бил невнимателен и дека неправилно ги чистеле просториите.
„Тие треба да се погрижат подните површини да бидат безбедни и имаат должност да ја одржуваат безбедноста и да предупредуваат за потенцијални опасности“, е наведено во тужбата, пренесе NBC Boston.
Роланд рече дека повредата се одразила на нивниот живот и врска и дека поради истата не можела да му пружи љубов, утеха, поддршка и да ги извршува домашните работи. Не можеле да имаат ниту интимни односи.