Женева поставува фрижидери за бесплатни продукти кои брзо се расипуваат за да го намалот отпадот на храна

Непрофитна организација „Фри-го“ од Женева постави фрижидери до кои секој има пристап и може да ги гористи и да осава храна за да не му се расипе. Фрижидерите може да ги користат и рестораните, во случај да имаат вишок храна или пак луѓето кои заминале на одмор и не сакаат храната да им се расипе по дома.

Од организацијата велат дека целта е да се помогне на луѓето кои се свесни за еколошкото здравје и зачувувањето на животната средина, а во исто време да се намали и отпадот со храна.

Фрижидерите се направени како полици или еден вид на мали кујни, каде сите можат бесплатно да остават овошје, зеленчук, леб, кроасани и други расипливи намирници.

Проектот кој почна пред една година чини 40.000 долари годишно, но е поддржан од неколку хуманитарни организации и градската власт. Првиот фрижидер беше поставен во западна Женева. Сега има вкупнп четири фрижидери, поставени низ градот. Петтиот е планиран при крајот на годината.

Директорката на проектот, Марин Диливо вели дека депонираната храна генерално се подигнува во рок од еден час по испораката. Од здравствени и регулаторни причини, во фрижидерите не се дозволени замрзната храна, отворени садови за храна, зготвени оброци или алкохол.

„Фри-Го“ исто така експериментира со подигнување храна со комбе од станбените згради за да им олесни на жителите да учествуваат во програмата. Отворена е и телефонска линија што рестораните можат да ја користат за да повикаат да се извади неискористената храна.

Диливо рече дека првиот женевски фрижидер помогнал да се спасат околу 3,2 тони храна од фрлање минатата година. Од донираната храна, само околу 3% мораше да се фрли бидејќи никој не ја земал..

 

 

Scroll to Top