Женка крокодил снесе јајце без помош од мажјак, феномен во Зоолошка во Костарика

Во зоолошката градина во Костарика е потврден првиот случај на раѓање на женски крокодил без мажјак. Женски крокодил создаде фетус кој 99,9 отсто бил генетски идентичен со неа.

Феноменот на таканареченото девствено раѓање е претходно потврден кај некои видови птици, риби и други влекачи, но никогаш кај крокодилите. Научниците велат дека оваа особина можеби е наследена од некој еволутивен предок бидејќи и диносаурусите можеби биле способни за саморепродукција.

Истражувањето е објавено во научното списание Royal Society journal. 18-годишна женка крокодил од САД снела јајце во паркот Рептиланија во јануари 2018 година.

Фетусот бил целосно формиран внатре, но не се извел. Женката која снесла јајца била донесена во Зоолошката кога имала две години и цел живот ја чувале одвоено од другите крокодили.

Затоа научниот тим од зоолошката градина во паркот стапил во контакт со д-р Ворен Бут, кој го проучува девственото раѓање, научно познато како партеногенеза, веќе 11 години.

Бут го анализирал фетусот и открил дека тој е повеќе од 99,9 отсто генетски идентичен со неговата мајка, потврдувајќи дека нема татко. Тој рече дека не е изненаден од откритието.

„Сме виделе вакви случаи со ајкули, птици, змии, гуштери. Појавата е честа и широко распространета“, Бут.

Тој објасни дека раѓањата од девица е почеста појава кај крокодилите и до сега останале незабележани бидејќи луѓето не барале такви примери.

„Имаше голем пораст на извештаите за партеногенеза кога луѓето почнаа да чуваат змии миленичиња, но просечниот љубител на рептили не чува крокодил“, рече Бут.

Не е јасно зошто партеногенезата се јавува кај различни видови, но феноменот почесто се појавува во научната литература, веројатно затоа што истражувачите сега го бараат.

Една теорија е дека ова се случува кај видови способни за партеногенеза кога нивниот број се намалува и кога се веќе на работ на истребување. Бут рече дека ова можеби им се случило на некои видови диносауруси кога нивниот број се намалил поради промените во животната средина.

„Фактот дека механизмот на партеногенезата е ист кај толку многу различни видови сугерира дека тоа е многу древна особина која се пренесувала низ вековите. Партеногенезата ја поддржува идејата дека и диносаурусите би можеле да се репродуцираат на овој начин“, рече Бут.

Scroll to Top