Журка со Том Нови во МКЦ, влезот е бесплатен

Едно од култните скопски места за нега на културниот дух на градот, Младинскиот културен центар ја има честа пред македонската публика да го претстави германскиот диџеј и продуцент Том Нови, кој ќе настапи пред скопската публика на 27 ноември, во МКЦ. Влезот е бесплатен за сите, а журката почнува во 21:30 часот.

Том Нови е еден од најуспешните хаус диџеи и продуценти кој твори повеќе од 20 години. Неговата музичка кариера почна во 1990-тите, а првото издание, односно неговиот сингл „I House U“, влезе во топ 10 на топ-листите за диџеи во 1995 година. Две години подоцна постигна меѓународен хит со „Суперѕвезда“, кој заврши во врвот на топ-листите во над 30 земји. Следеа диџејски ангажмани во најелитните клубови и на најважните фестивали ширум светот. До денес има продуцирано и ремиксирано за уметници од висок профил како што се Џастин Тимберлејк, The Backstreet Boys, Pink, Yoko Ono, Ludacris, Erick Morillo, Jimmy Sommerville, Tom Jones, Mousse T и многу други. Покрај неговата импресивна кариера во електронската музика, Нови го освои и забавниот бизнис.

Scroll to Top