„Ѕвездите на Гранд“ првпат ќе имаат аудиција во Лондон

Популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ првпат ќе има аудиција во Велика Британија. Според српските медиуми, конкурсот е веќе распишан, а аудицијата ќе се одржи во филмско студио во Лондон. Идните учесници во шоуто ќе ги оценуваат Саша Поповиќ и Александар Милиќ – Мили, а тие што ќе поминат, од септември ќе се натпреваруваат во шоуто.

Медиумите во Србија пишуваат дека на овој начин продуцентите ќе се обидат да добијат поголем рејтинг на „Ѕвездите на Гранд“ надвор од регионот. Во моментов во шоуто се натпреваруваат пејачи од Србија, Македонија, Босна, Црна Гора и Хрватска, но и по некој учесник од Франција, Швајцарија, Австрија…

Scroll to Top