Беше премногу жешка за Холивуд: Сцената на Бен Афлек и Шарлиз Терон никогаш не ја видела публиката

Иако Холивуд е познат по провокативните сцени и контроверзните филмови, една сцена со Бен Афлек и Шарлиз Терон била оценета како премногу експлицитна дури и за филмската индустрија. Станува збор за сцена од филмот „Игри со ирваси“, која никогаш не била официјално прикажана пред публиката.

Филмот, кој излезе во 2000 година под режија на легендарниот Џон Франкенхајмер, ја следи приказната за Руди, ликот што го игра Бен Афлек, кој по излегувањето од затвор презема туѓ идентитет и започнува опасна игра на лаги и криминал. Во приказната важна улога има и ликот на Шарлиз Терон – мистериозната Ешли.

Според Афлек, интимната сцена меѓу нив двајца првично била многу подолга и далеку попровокативна од верзијата што на крај завршила во филмот. Актерот подоцна со доза хумор изјавил дека сцената била „премногу жешка“, додавајќи дека продуцентите стравувале филмот да не добие ознака NC-17, што значително би му наштетило на комерцијалниот успех.

„Сексот во филмовите често се смета за поскандалозен од насилството, а јас мислам дека треба да е обратно“, изјавил Афлек во едно интервју, откривајќи дека постоела многу поеротична верзија на сцената која никогаш не била објавена.

И самиот режисер Џон Франкенхајмер признал дека сцената предизвикала реакција кај Американската филмска асоцијација, по што било одлучено таа засекогаш да остане надвор од финалната верзија.

Интересно е што и покрај големото внимание околу филмот, Шарлиз Терон подоцна отворено признала дека „Игри со ирваси“ го смета за едно од најлошите искуства во нејзината кариера. Сепак, таа истакнала дека никогаш нема да зажали што работела со Франкенхајмер, кого го смета за еден од големите режисери на Холивуд.

Иако филмот не доживеа голем успех, приказната за „забранетата“ сцена и денес предизвикува љубопитност кај филмските фанови ширум светот.

Scroll to Top