По присуството на раскошната свадбена церемонија на Тејлор Свифт и Тревис Келси, светската музичка и филмска ѕвезда Џенифер Лопез пристигна во Париз, каде повторно беше во центарот на вниманието благодарение на своите впечатливи модни комбинации.
Пејачката и актерка, која неодамна го прослави својот 56. роденден, деновиве беше дел од настаните на Модната недела во Париз. За вечерното дружење со пријателите избра долга црна кадифена тоалета со длабоко деколте, кое дополнително ја истакна нејзината елегантна појава.

Фустанот со кратки ракави го комбинираше со широк кожен ремен, сандали со тенки ремчиња и елегантна клач-чанта. Косата ја носеше пуштена и права, додека изгледот го надополни со дискретен накит.

Веќе следниот ден папараците ја фотографираа при излегување од хотелот во сосема поинаква, но подеднакво впечатлива комбинација. Лопез носеше црни бермуди, бел горен дел украсен со пердуви во стил на јакна и црн градник, уште еднаш потврдувајќи го својот препознатлив моден стил.
На социјалните мрежи таа сподели фотографии од престојот во француската престолнина заедно со својата сестра Линда Лопез, а во описот напиша: „Сестрите го освојуваат Париз“.
Париз очигледно е една од омилените дестинации на Џенифер Лопез, која оваа година веќе неколкупати престојуваше во француската престолнина. Минатиот месец таа беше специјална гостинка на настапот на познатиот диџеј Дејвид Гета, со кого се појави и на сцената.

Лопез неодамна беше и меѓу бројните светски познати личности кои присуствуваа на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси. За свечената пригода избра долга црна тоалета што го нагласуваше нејзиниот струк и се спушташе во раскошно здолниште, уште еднаш привлекувајќи внимание со својот моден избор.






