(ФОТО | ВИДЕО) Меси за легендарната фотографија со Јамал: „Животот навистина знае да приреди неверојатни приказни“

Една од најпознатите фотографии во светот на фудбалот, на која Лионел Меси го капе тогаш петмесечниот Ламине Јамал, повторно стана актуелна откако Аргентина и Шпанија изборија пласман во финалето на Светското првенство. По долг период молк, аргентинскиот ас конечно проговори за фотографијата која денес има историско значење.

Фотографијата е направена во 2007 година за хуманитарен календар за 2008 година, во рамки на заеднички проект на Фондацијата на Барселона, Листа Спорт и УНИЦЕФ. Во него фудбалерите на каталонскиот клуб позирале со деца, а семејството на Ламине Јамал било избрано преку хуманитарна лотарија. Автор на фотографијата е фоторепортерката Џоан Монфорт.

Во интервју со легендарниот НФЛ играч Том Брејди, Меси за првпат зборуваше за необичната животна приказна што денес ги поврзува него и Јамал.

Искрено, таа фотографија е лудост. Неверојатно е како животот ги средува работите. Се фотографирав со него кога беше бебе, а денес, деветнаесет години подоцна, играме еден против друг во финалето на Светското првенство“, изјави Меси.

Аргентинскиот капитен имаше само пофални зборови за младиот шпански репрезентативец, истакнувајќи дека внимателно го следи неговиот развој во Барселона.

„Ламине е фантастичен играч кого многу го следев, бидејќи настапува за клубот што неизмерно го сакам и на кој секогаш му посакувам сè најдобро. На само 19 години стана една од водечките фигури во светскиот фудбал. Во моментов, без никакво сомневање, е меѓу најдобрите играчи во светот. Му посакувам голема среќа и успешна кариера, бидејќи навистина го заслужува тоа“, рече Меси.

Сепак, и покрај големата почит кон шпанската ѕвезда, Меси порача дека на теренот нема да има никакви отстапки.

„Пред него е целата кариера и има одлична можност да постигне нешто историско во ова финале. Но, ние ќе направиме апсолутно сè за тоа да не се случи овојпат“, изјави Меси со насмевка.

Scroll to Top