(ФОТО| ВИДЕО) Русинка го „запали“ интернетот поради неверојатната сличност со Халанд: „Дали е ова неговата изгубена сестра!“

Руската манекенка Анастасија Костромитина деновиве стана вистински хит на социјалните мрежи, но не поради нова модна кампања, туку поради неверојатната физичка сличност со норвешката фудбалска суперѕвезда Ерлинг Халанд.

Виралната приказна започнала кога нејзината мајка објавила забавно видео на Инстаграм, во кое Анастасија ги имитира препознатливите движења, гестикулации и прослави на головите на напаѓачот на Норвешка. Објавата за кратко време собра милиони прегледи и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

 

Корисниците веднаш ја забележале необичната сличност меѓу двајцата. Во коментарите се ределе шеги дека „не е потребен ДНК тест“, додека други пишувале дека манекенката изгледа како одамна изгубената сестра или женска верзија на Халанд.

 

Многумина истакнуваат дека сличноста не се должи само на долгата руса коса и светлите очи, туку и на изразените јаболчници, цртите на лицето и речиси идентичниот израз.

Дваесет и четиригодишната Костромитина од Москва признава дека на почетокот не ѝ било пријатно што постојано ја споредуваат со норвешкиот голгетер. Но, со текот на времето го променила ставот и денес на целата ситуација гледа со насмевка.

„Искрено, поминав низ сите фази на негирање. На почетокот не можев да разберам зошто луѓето мислат дека личам на него. Подоцна сфатив дека не е лошо да те споредуваат со толку успешен спортист, па решив да ја прифатам шегата“, изјавила Костромитина.

 

Нејзината популарност дополнително експлодирала откако видеото и фотографиите почнале масовно да се споделуваат на различни социјални платформи, каде што собрале десетици милиони прегледи.

Интернет-корисниците и понатаму објавуваат фотографии со споредби меѓу двајцата, а голем дел од нив сметаат дека токму Анастасија Костромитина е една од најубедливите двојнички на позната светска спортска ѕвезда.

Scroll to Top