Додека повторно ја предводи аргентинската репрезентација на Светското првенство 2026, Лионел Меси не ја добива поддршката само од милиони навивачи ширум светот, туку и од своето најголемо богатство – сопругата Антонела Рокуцо и нивните три синови, Тијаго, Матео и Чиро.
За многумина Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, но за своето семејство тој е пред сè сопруг и татко кој ужива во мирниот семеен живот далеку од рефлекторите.
Приказната на Лионел Меси и Антонела Рокуцо започнала уште во детските денови во аргентинскиот град Росарио. Двајцата се запознале преку братучедот на Антонела, Лукас Скаља, кој бил еден од најдобрите пријатели на Меси.
Иако Меси на рана возраст се преселил во Шпанија за да се приклучи на младинската академија на Барселона, нивната врска никогаш целосно не згаснала.
Во 2005 година фудбалерот се вратил во Аргентина за да биде покрај Антонела по трагичната загуба на нејзина блиска пријателка. Токму тогаш нивното пријателство прераснало во љубовна врска.
По неколку години врска на далечина, парот јавно ја потврди љубовта во 2009 година, а на 30 јуни 2017 година ја крунисаа со брак на раскошна церемонија во Росарио.
Денес Антонела е успешна инфлуенсерка и модел со речиси 40 милиони следбеници на Инстаграм, а воедно е и активна во бројни хуманитарни проекти. Таа е постојано покрај Меси и редовно го бодри од трибините заедно со нивните деца.
На 2 ноември 2012 година се роди нивниот прв син Тијаго, кој донесе огромна радост во семејството.
По неговото раѓање, Меси го истетовираше неговото име и отпечатоците од неговите рачиња на ногата како симбол на татковската љубов.
Денес 13-годишниот Тијаго веќе ги следи стапките на својот татко. Откако беше дел од младинските категории на Барселона и Пари Сен Жермен, тој моментално настапува за младинската екипа на Интер Мајами.
Уште како дете привлече внимание кога видео од негов гол за младинскиот тим стана вирално на социјалните мрежи.
Вториот син на Меси и Антонела, Матео, е роден на 11 септември 2015 година.
Според самиот Меси, Матео има исклучително натпреварувачки дух и секогаш сака да биде во центарот на вниманието.
„Матео е многу посебен. Секој ден прави нешто ново што сите нè изненадува“, изјави Меси во едно интервју.
Неговата љубов кон Аргентина беше видлива и за време на Светското првенство во Катар 2022 година, кога не можеше да ги задржи солзите по поразот на Аргентина од Саудиска Арабија во групната фаза.
На 10 март 2018 година семејството се прошири со раѓањето на Чиро, најмладиот син на легендарниот фудбалер.
И Антонела и Меси го одбележаа неговото раѓање со тетоважи посветени на најмладиот наследник.
Антонела неодамна му го честиташе осмиот роденден со емотивна порака на социјалните мрежи:
„Осум години гледаме како растеш. Горди сме на тебе и те сакаме бескрајно.“
И покрај огромната популарност и статусот на глобална спортска икона, Меси секогаш нагласува дека најмногу ужива во едноставните моменти со своето семејство.
Во една своја колумна за Sports Illustrated, тој откри како изгледа неговиот идеален ден:
„Го носам Тијаго на училиште, одам на тренинг, пијам мате дома и поминувам време со Антонела и децата во парк. Тоа е нормален и мирен живот, токму каков што отсекогаш сме посакувале.“
Токму затоа, иако зад себе има освоени Светски првенства, Златни топки, Лига на шампиони и бројни рекорди, Меси често истакнува дека неговата најголема победа не е на фудбалскиот терен, туку во семејството кое го градел со Антонела повеќе од две децении.
Додека капитенот на Аргентина се бори за нов светски успех на Мундијалот 2026, неговите најверни навивачи остануваат сопругата Антонела и нивните три синови, кои од трибините внимателно го следат секој негов чекор.






