Новата Памела Андерсон? Поранешна гимнастичарка го запали снимањето на новиот „Чувари на плажата“

Поранешната гимнастичарка и една од најголемите ѕвезди на социјалните мрежи, Оливија Дан, повторно е во центарот на вниманието, овојпат поради снимањето на новата верзија на култната серија „Чувари на плажата“. Првите фотографии од сетот во Лос Анџелес веднаш предизвикаа лавина реакции, а фановите не престануваат да коментираат дека токму таа би можела да стане „новата Памела Андерсон“.

Оливија беше фотографирана на плажите во препознатливиот црвен костим за капење и со спасувачка бова, симболи кои ја одбележаа оригиналната серија. Таа на снимањето се појави заедно со актерката Џесика Белкин, а фотографиите за само неколку часа станаа вистински хит на интернет.

 

Новата сезона, која ја подготвува телевизијата „Фокс“ за сезоната 2026-2027, ќе има дванаесет епизоди, а Оливија Дан ќе ја толкува улогата на Грејс – млада и амбициозна спасителка. Во актерската екипа се и Шеј Мичел, Хеси Харисон и инфлуенсерот Ноа Бек, што покажува дека продуцентите сакаат да ја приближат серијата до помладата публика.

Пред да влезе во светот на актерството, Оливија Дан имаше успешна спортска кариера. Со гимнастика започнала уште на тригодишна возраст, а подоцна станала дел од американската јуниорска репрезентација. Како член на тимот „ЛСУ Тајгерс“, освоила национална НЦАА титула и станала една од најпознатите студентски спортистки во САД.

Со милиони следбеници на Инстаграм и ТикТок, Дан успеа да изгради вистинска империја преку спонзорства и реклами, а по завршувањето на спортската кариера во 2025 година реши да се посвети на актерството.

Додека фановите со нетрпение очекуваат повеќе детали за новиот „Чувари на плажата“, јавноста веќе забележа дека легендарната Памела Андерсон одбила да се појави во кратка гостинска улога. Но според реакциите на социјалните мрежи, новата генерација веќе е подготвена да ги освои плажите.

Scroll to Top