Тажна вест: Македонската естрада се збогува со маестро Дарко Станојков – колегите во солзи

Македонската музичка сцена е во тага по веста за смртта на талентираниот музичар Дарко Станојков, чија ненадејна заминување ги потресе неговите колеги, пријатели и почитувачи.

Зад себе остави длабока и неизбришлива трага во естрадата, а оние што го познаваа зборуваат за него како за исклучителен уметник и човек, секогаш подготвен за соработка и поддршка.

Веста за неговата смрт предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде бројни колеги се збогуваат со емотивни пораки. Меѓу нив, пејачката Тања Тајчи Додева сподели видео од негов настап од пред неколку години, со трогателни зборови: „И ти од денес музицирај ни стана ангел горе на небото Даре Мц“.

Од него се прости и неговиот близок пријател и колега Дејан Кларион, кој со кратка, но силна порака напиша: „Патувај со ангелите, мој драг пријателе“.

Дарко Станојков во текот на својата кариера настапувал со бројни македонски музички имиња, градејќи репутација на врвен музичар и почитуван соработник. Неговото заминување остава голема празнина во музичката заедница.

Семејството, пријателите и колегите се простуваат со тага, но и со благодарност за сите спомени и музиката што ја остави зад себе. Неговото дело ќе продолжи да живее преку нотите што ги создаваше и емоциите што ги споделуваше со публиката.

Scroll to Top