Виноскоп со изменета програма за денес од 17 часот – поради најавите за дожд дел од настапите се префрлаат за утре

Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дел од дневната програма на Виноскоп се преместува за утре.

Денешната програма продолжува попладне во Градски парк. Од 17:00 часот настапува DJ Bela, во 19:30 часот публиката ќе има можност да ужива во настапот на Мијата, од 21:30 часот следува Оркестар Дива, а вечерта ќе ја заокружат Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд, со настап од 23:30 часот.

Утре, Виноскоп продолжува со дневна програма од 12:00 до 18:00 часот, кога ќе настапат DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk. Вечерниот дел е резервиран за DJ Carlito од 18:00 до 20:00 часот, а потоа, од 20:00 до 22:00 часот, програмата продолжува со Hat and Harmony.

Ве очекуваме во Градски парк да продолжиме со јубилејното 15-то издание на Виноскоп, со вино, музика и фестивалска атмосфера под отворено небо.

Scroll to Top