(Фото) Анте Гаџа ги виде галиите во Скопје

Новиот ракометар на Вардар, Анте Гаџа, веќе е во Скопје. Тој на Инстаграм објави слика од кејот, покрај галиите, додека ја држи во раце неговата двегодишна ќерка.

Хрватскиот репрезентативец е меѓу првите ракометари кои пристигнаа во Скопје пред почетокот на новата сезона. Тој е еден од неколкуте засилувања што ги направи клубот откако Михајло Михајловски го презеде  Вардар од Сергеј Самсоненко.

Во Вардар оваа сезона доаѓаат и Филип Талевски, Гоце Георгиевски, хрватскиот играч Ловро Јотиќ, францускиот голман Кантеграл, со рускиот лев бек Санталов, полскиот репрезентативец Патрик Валчак, а најавено е дека за клубот ќе потпише и српскиот репрезентативец Марко Вујин. Тренер на тимот е Стевче Алушовски.

Scroll to Top