Почина Мирко Влаховиќ, поранешниот европски првак во кик-бокс

Поранешниот кикбоксер Мирко Влаховиќ од Црна Гора и освојувач на медали на светски и европски првенства, почина во вторникот на 48-годишна возраст. Тој беше еден од најдобрите кикбоксери во својата генерација.

Освои четири бронзени медали на светските првенства борејќи се за селекциите на Југославија, Србија и Црна Гора (1999, 2001, 2003 и 2007 година). Најголемиот успех го постигна во 2004 година, кога стана европски првак во 2004 година во Будва, а во истата конкуренција беше и вицешампион во 1996, 1998 и 2000 година, додека бронза освои во 2006 и 2008 година.

Влаховиќ беше тешко ранет во стомакот пред четири години, во престелка пред кафулето „Буда бар“, во улицата Станка Драгојевица во Подгорица. А претходно беше ранет и во престелка во ноември 2014 година во кафулето „Мр Кул“ во Подгорица, каде што бил ангажиран како обезбедување.

Scroll to Top