Адеми и Ристовски со сопругите и децата го прославија освоениот пехар со Динамо

Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, синоќа станаа шампоиони со тимот на Динамо Загреб. Тие по завршувањето на натпреварот со Шибеник, ги донесоа сопругите и децата на теренот и се сликаа заедно со шампионскиот пехар.

Адеми се сликаше со сопругата Андреа и синот Андријан. Аријан и Стефан се дел од најдобрата генерација во последните 30 години на Динамо Загреб.

„Горд сум на се што постигнав со Динамо. Сезонава беше тешка и навистина траеше многу долго. Сепак, на крај сме сите среќни што на ваков начин ја завршивме. Голем успех за сите нас, голем успех за Динамо. Најважно е да продолжуваме да освојуваме трофеи и се надевам дека истот ќе се случи и следната сезона. Нашата најголема сила е заедништвото“, рече Адеми.

Ова е вкупно 19 трофеј во кариерата за Адеми. Тој е и најтрофеен фудбалер во тимот на Динамо Загреб. За Ристовски ова е прв шампионски пехар со „модрите“, додека втор во Хрватска. Стефан пред неколку години го освои и шампионатот со тимот на Ријека.

Aдеми стигна до 19. трофеј во кариерата: Целиот се ежам кога ќе помислам дека сум играч со најмногу трофеи во Динамо

 

Scroll to Top