Откако фудбалерите на Македонија синоќа го победија тимот на Косово со 2:1, се на чекор до историскиот пласман на едно европско првенство. Тие треба да ја победат Грузија на 12 ноември во Тбилиси за догодина да играат на ЕП, а настапот на првенството ќе ѝ донесе на Македонија од речиси10 милиони евра.
Според УЕФА, секоја екипа што се пласира на првенството заработува по 9.250.000 евра. Потоа, на самото првенство, секоја победа носи 1.500.000 евра, а нерешен резултат 750.000 евра за репрезентациите.
Доколку се пласира на ЕП 2021, Македонија ќе игра во групата со Холандија, Австрија и Украина.