Аргентинските уметници Марлен Зуриага и Лисандро Уртеага нацртаа мурал со ликот на Лионел Меси, висок 69 метри. Муралот наречен „Од друга планета, од мојот град“, е насликан на 22-катница во Росарио, родниот град на фудлалерот.
Муралот го прикажува Меси како капитен на националниот тим, во дресот со бројот 10, додека со раката го допира сонцето на неговите гради.
На церемонија, организирана од градските власти, присуствуваа деца од основните училишта во Росарио. Градот најави уште неколку мурали посветени на Меси.
Првите фудбалски тренинзи Меси ги имаше во малиот локален клуб Грандола, потоа се пресели во Њуелс Олд Бојс. Од 2000 година играше за Барселона, а оттаму во август годинава се пресели во ПСЖ.