Атлетичарката Лоло Џонс е невина на 37 години: „Не сакам секс пред брак“

Лоло Џонс, која многумина ја нарекуваат најубавата атлетичарка на светот, во интервју откри дека има 37 години, но дека сè уште немала секс. Популарната Американска вели дека не се кае за својата одлука да биде невина додека да се омажи. Но, се кае што пред 8 години на „Твитер“ напишала дека е девица.

„Мислам дека тоа ми ги уништи сите шанси и можности да почнам врска со некој маж. Пред тоа барем имав шанси да најдам некого. Ама постојано се прашував кога е вистинското време да му кажам што сум решила? Ќе сака ли да ме причека додека подобро не ми запознае? Или веднаш да му кажам како стојат работите и да ставиме крај?“, рекла Лоло.

Одлуката да се чува за брак Џонс ја донела лично, иако не била така воспитана. Таа рекла дека нејзината мајка никогаш не се омажилам а и покрај тоа има пет деца.

Инаку, Лоло онс е родена на 5 август 1982 година, а се натпреварува во дисциплината трки со пречки.

Scroll to Top