Австралијците не му дозволија на Ѓоковиќ да игра на Австралија опен, но сега нивна олимпијка, која е позитивна на ковид, може да игра на ЗОИ во Пекинг

Австралијците не му дозволија на Ѓоковиќ да игра на Австралија опен, а сега реагираа и побараа за нивна олимпијка, која е позитивна на ковид, да игра на ЗОИ во Пекинг.

Станува збор за Австралијката Тали Гил, која се натпреварува во карлинг. Таа добила позитивен тест на Ковид-19 и била опомената дека треба да ја напушти Кина заедно со нејзиниот партнер во карлинг Дин Хјуит.

Како што пренесуваат медиумите, таа веќе била подготвена да ја напушти земјата, но пред мечот со Швајцарија сепак добила потврда дека може да остане. Потврдата дека може да продолжи со натпреварувањето ја добила по вложената жалба на државата Австралија.

Иако е позитивна на ковид, Гил ќе може да настапи на Зимските олимпсики игри. Еден бразилски медиум направи споредба со случајот со Ѓоковиќ на Австралија Опен всушност и оцени дека тогаш станувало збор за политички прогон против најдобриот тенисер на светот.

Веста ја прене со наслов, „Откако Ѓоковиќ го третираа како крадец, Австралијка доби дозвола да се напреварува со Ковид-19“, потенцирајќи дека на австралиските валсти не им било важно здравјето на тамошните граѓани како што тоа тие сакаа да го претстават во јавноста.

За потсетување, на Ѓоковиќ не му беше дозволено да настапи на Австралија опен поради проблемите со ковид-пропусницата, а по неколку дена престој во хотел за мигранти тој беше депортиран од земјата.

 

 

Scroll to Top