„Баерн Минхен“ ја освои шестата титула во Лигата на шампионите

„Баерн Минхен“ го победи „Пари Сен-Жермен“ во финалето на Лигата на шампионите 2019/20 и ја освои шестата титула во ова натпреварување. Финалето се одржа без публика на стадионот „Луж“ во Лисабон, а фудбалерите од Германија со 1:0 го победија францускиот тим. Ова е прва титула на „Баерн“ по 2013 година.

Во интересниот меч, единствениот гол го постигна поранешниот фудбалер на ПСЖ, Кингсли Коман кој доби одлично додавање од Џошуа Кимих. Ѕвездите на ПСЖ како Нејмар и Килијан Мбапе имаа шанси пред голот на Мануел Ноер, но на крајот мораа да се задоволат само со својот прв настап во големото европско финале.

„Баерн“ и пред финалниот турнир во Португалија беше еден од фаворитите за титулата, но по победата од 8:2 над Барселона, многумина претпоставија дека тимот на Ханси Флик ќе дојде до титулата.

Тимот ја заврши сезоната со троен триумф – Бундеслига, ДФБ купот и Лигата на шампионите.

Scroll to Top