Барди во идеалниот тим од квалификациите за Светско

Специјализираниот фудбалски портал WhoScored го избра македонскиот фудбалер Енис Барди во идеалниот тим од квалификациите за Светското првенство, кое в година ќе се игра во Катар. Според порталот, Барди има вкупен рејтинг од 7,82.

„Клучниот играч на Македонија во завршницата на квалификацискиот циклус. Извонредна партија во победата над Ерменија од 5:0, каде што постигна хет-трик. Има просек од 2,3 клучни додавања од натпревар“, пишува WhoScored.

Покрај Барди, во идеалниот тим се и Бенжамин Бушел (Лихтенштајн), Жоао Кансело (Португалија), Хари Мегваер (Англија), Вирџил ван Дајк (Холандија), Јоаким Меле (Данска), Стивен Бергис (Холандија), Дуашан Тадиќ (Србија), Мемфис Депај (Холандија), Хари Кејн (Англија) и Роберт Левандовски (Полска).

Осуммина во овој тим доаѓаат од репрезентациите што се пласираа на мундијалот во Катар, а двајца, Барди и Жоао Кансело од Португалија, ќе играат бараж за пласман на мундијалот. Само голманот на Лихтенштајн, Бенжамин Бушел, со својата репрезентација ги заврши настапите.

 

Scroll to Top