Барселона сака да го купи голманот Столе Димитриевски

Еден од најдобрите шпански клубови, Барселона, сака да го ангажира македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, тврди телевизијата „Ел Чирингито“.

Димитриевски оваа сезона има одличен настап во шпанската Примера и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Рајо Ваљекано. Македонскиот голман пред еден месец кога беше најзаслужен за победата на Рајо од 1:0 против Барселона, кога во второто полувреме го одбрани пеналот на Мемфис Депај.

Сегашниот голман на Барселона, Тер Штеген, не е на потребното ниво и ја има најлошата сезона од 2014 година, кога пристигна во клубот. Ни резервата на Штеген, Бразилецот Нето, не е задоволен од статусот што го има, па речиси е сигурно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

За потсетување, Столе пред неколку дена беше избран за најдобар голман во шпанската примера за првата сезона од првенството.

Scroll to Top