Бекам ѝ го отстапи својот инстаграм-профил на лекарка од Харков

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам ѝ го отстапи својот инстаграм-профил на Ирина, лекарка од Украина која работи во Харков, кој е во првата линија на фронтот и постојана цел на руските бомбардирања. Таа работи како шефица на регионалниот перинатален центар.

„Работиме 24/7, не сме излегле од болницата. Веројатно ги ризикуваме нашите животи, но воопшто не мислиме на тоа. Си ја сакаме работата. Лекарите и медицинските сестри овдека плачат, се грижат, но никој нема да се откаже“, вели Ирина.

Неговите 71,5 следбеници на Инстаграм имаа можност да го видат тесниот подрум каде што биле евакуирани сите трудници и нови мајки на првиот ден на руската инвазија. А покрај тоа да видат со што сè се соочуваат таа и детскиот анестезиолог среде воениот конфликт преку објавените видеа и фотографии.

Таа исто така објави и фотографии од новороденчиња на одделението за интензивна нега, кои се приклучени на апарати и затоа не можеле да бидат префрлени во подрумот.

Scroll to Top