Португалските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, во зимскиот преоден рок може од Неапол да се пресели Лисабон. Според нив, за Елмас е заинтересиран гигантот „Бенфика“ и тие ќе пробаат да потпишат договор со него уште во јануарскиот преоден рок.
Оваа информација ја објавија двајца новинари во емисија на „ТВИ24“. Тие тврдат дека тренерот на „Бенфика“, Жорж Жесус, имал високо мислење за Елмас и во неговата игра гледа идеално решение за офанзивните проблеми на тимот. Наводно, од раководството на клубот веќе добил одредена сума за да купи засилувања во јануари, а прва цел ќе биде македонскиот репрезентативец.
Елмас лани за 16 милиони се пресели од турскиот „Фенербахче“ во италјанскиот „Наполи“. Тој неодамна потпиша и нов договор со клубот до 2025 година, со кој ќе заработува по 1,8 милиони евра за сезона.