Францускиот возач на Формула 1, Роман Грожан, чиј болид се запали минатата недела на трката во Бахреин, првпат раскажа за несреќата во која за малку ќе загинеше. Тој остана во болидот што гори 28 секунди, рацете му се со изгореници, но за среќа Грожан е добар, и веќе излезе од болница. Тој во интервју со Мартин Брандл, објасни што точно му поминувало низ главата во моментот на несреќата, кога неговиот болид почна да гори.
„Искрено, не мислев дека ќе завршам вака, дека ќе преживеам. Размислував за Ники Лауда и за она што тој го преживеа пред толку години. Си мислев, не не, не смеам да завршам како Ники, ова не може да биде мојата последна трка. Иако беа 28 секунди, мене во тој момент ми се чинеше дека е околу минута ипол“, вели возачот на „Хас“.
Роман остана заробен во болидот по сударот, па кога тој почна да гори, Грожан имал два обида да излезе, но не успеал, и затоа помислил дека ќе умре.
„Одеднаш се почувствував смирено, се опуштив и се помирив дека ќе умрам. Се запрашав дали ќе боли и што ќе ми изгори прво, нозете, рацете? Тоа беше многу чудно чувство. Тогаш помислив и на моите деца и знаев дека не смеам да умрам, дека мора да ги видам пак. Пробав уште еднаш да излезам, но ногата ми беше заглавена на педалата. Повлеков уште еднаш силно, чевелот остана на педалата, но ја ослободив ногата. Полека почнав да го вадам телото надвор, гледав како рацете ми горат Но бев слободен. Се прекачив преку барикадата и го почувствував докторот Иан до мене, како ме влече. Тогаш знаев дека уште сум жив“, вели Грожан во интервјуто.
Very powerful words from @RGrosjean as he re-lives his escape from the inferno on Sunday, with @MBrundleF1 and @SkySportsF1#HaasF1 pic.twitter.com/yrEZZCtkLf
— MoneyGram Haas F1 Team (@HaasF1Team) December 4, 2020
Formula 1 driver @RGrosjean crashes in Bahrain.
And survives.
Most unbelievable thing I’ve seen in awhile…pic.twitter.com/ButvMYkh76
— Rex Chapman🏇🏼 (@RexChapman) November 29, 2020