Ботас го изненади Хамилтон за пол позиција во Австрија

Возачот во Формула 1, Валтери Ботас успеа да постигне најбрзо време и да стигне до 12-те пол позицијата во кариерата, пред утрешната трка во Австрија. Финецот беше побрз од својот тимски колега во Мерцедес, Луис Хамилтон, за 12 илјадитинки од секундата.

Веднаш зад нив ќе тргне Макс Верстапен, а очаен настап имаше двоецот на Ферари. Никој не очекуваше Себастијан Фетал да испадне уште во втората сесија, а Шарл Леклер да биде седми.

Во одлично светло денеска се прикажа младио Ландо Норис од Мекларен, кој ќе стартува во вториот ред покрај Макс Верстапен.

Во третиот ред ќе бидат Алекс Албон и Серхио Перез, а во четвртиот, Карлос Саинц ќе му прави друштво на Шарл Леклар. Петиот ред е резервиран за Ленс Строл и Даниел Рикиардо.

 

Scroll to Top