По 10 години, Брајан Лаудруп го победи ракот

Легендарниот дански фудбалер, Брајан Лаудруп (51), по десет години, целосно се излекува од рак. Тој вчера на социјалните мрежи напиша дека ја победил болеста.

„По 10 години прегледи и третман, денес објавувам дека конечно го победив ракот“, напиша Лаудруп.

Тој е еден од најголемите дански фудбалери во историјата на оваа земја. Кариерата ја помина во многубројни клубови, меѓу кои „Баерн Минхен“, „Фиорентина“, „Челси“ и „Ајакс“. Цели 11 години Лаудруп беше дел од селекцијата на Данска, со која во 1992 стана европски шампион.

 

Scroll to Top