Британски триатлонец го згреши патот, па доби медал од ривалот

Британскиот триатлонец Џејмс Тигл, кој го згреши патот пред целта на трката  Сантандер, сепак заврши на третото место, откако Шпанецот Диего Ментрида застана и му дозволи да го претекне на крајот.

Ментрида трчал зад Тигл во завршната фаза на трка, но Тигл се збунил и ја погрешил патеката пред крајот. Ментрида го престигнал ривалот, но застанал пред целта и му дозволил на Тигл пред него да ја помине целта.

Видеото од моментот кога Тигл ја поминува целта е објавено на „Инстаграм“, а неколку илјади илјади луѓе, меѓу кои и познати спортисти, го пофалија 21-годишникот за неговиот спортски дух. Меѓу оние што го пофалија е и актерот Вил Смит.

„Никогаш не мислев дека нешто вакво ќе стане толку популарно и ќе има толкаво влијание во медиумите. Но се гордеам што добив толкава љубов“, рекол Ментрида.

Организаторите на трката одлучиле да го наградат Ментрида со почесен пласман за трето место. Тигл, пак, за Си-ен-ен изјавил дека веќе прифатил дека ќе заврши на четвртото место кога го видел Ментрида дека застанал пред крајот.

„Претпоставувам дека тоа покажува огромен интегритет и одличен спортски дух и мислам дека луѓето навистина го сфатија емотивно“, рекол Тигл.

Scroll to Top