Буфон сака да брани и на Светското 2026 година, вели можел да игра фудбал и на 50 години

By

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон не сака да се повлече уште сега од фудбалот. Има желба да брани и на Мундијалот во 2026 година иако тогаш ќе има 48 години.

dobivaj vesti na viber

Иако се чинеше дека кариерата ќе ја заврши уште во 2018 година во Јувентус, сепак тоа не се случи. Тој сè уште активно игра фудбал. Прво во 2019 година проба со ПСЖ да ја освои Лига шампиони, па кога тоа не му успеа се врати во уште една сезона да брани во клубот од Торино.

Сега игра за Парма во втората италијанска лига, Серија Б и сè уште не помислува за пензија. Рече дека има желба повторно да брани за Италија, каде местото му го зема Донарума, херојот од Европското првенство во 2021 година.

„Би сакал да играм на Светското првенство. Ако Италија не се квалификува за Катар 2022 година, тогаш ќе имам шанса 2026 година“, рече Буфон за италијанските медиуми.

„Не би се изненадил да бидам во форма и на 48 години. Мајкл Џордан играше во тие години. Не планирам да застанам до 50 години. Годините не се важни, важно е каков ќе бидам на теренот“, рече Буфон.

За потсетување, Буфон досега бранеше на 176 натпревари за репрезентацијата на Италија. Сега е капитен во Парма и сезонава на 21 натпревар има примено 22 гола. На 7 натпревари ја сочува мрежата. Од неодамна во тимот на Парма стигна и Горан Пандев.

Буфон на првиот тренинг со Пандев му рече дека сега изграат заедно во ист тим и дека нема повеќе да му давал голови како порано.

 

Ќе ви се допадне