Бугарски фудбалер играл со коронавирус, па го заразил целиот противнички тим

Бугарскиот фудбалер Мартин Кавдански, кој имал Ковид-19, на натпреварот меѓу Царско Село и Черно Море во четвртокот успеал да го зарази целиот противнички тим со коронавирус.

Кавдански, кој бил заразен со опасниот вирус, се појавил и играл во тимот на Царско Село. По мечот, Черно Море останал без цел тим кога 16 негови играчи се покажале позитивни на коронавирусот.

Од клубот од Софија изјавиле дека дошло до недоразбирање затоа што од лабораторијата од каде што ги добивале резултатите од тестовите, сите се покажале негативни. Оттука тие го известиле Бугарскиот фудбалски сојуз дека нема причина мечот да не биде одигран.

Лабораторијата дополнително призна дека била направена грешка и дека тестот на Кавдански, всушност, бил позитивен“, соопшти Царско Село.

На повторените тестирања уште тројца играчи на Царско Село биле позитивни на коронавирусот, како и сопственикот на клубот. Черно Море, пак, вчера извести дека и 16-мина негови фудбалери имале позитивен тест.

Сите играчи се ставени во карантин и се преземаат неопходни мерки“, изјавија од Черно Море.

Scroll to Top