Давид Тошевски (19) од Работнички од следната сезона ќе игра за тимот на Ростов од Русија. Ова е еден од најскапите трансфери кај нас откако Давид потпиша договор со рускиот прволигаш за два милиона евра на пет години. Работнички од Ростов ќе заработи 1 милион евра за обесштетување и тоа е рекордна сума за македонски фудбалер кој директно од земјава заминува во странство. Со ова трансферот на Тошевски чини речиси три милиони.
За напаѓачот на Работнички заинтересиран беше и француски Лил.
Инаку, Тошевски оваа сезона за Работнички одигра 21 натпревар, на кој постигна пет гола и додаде уште три асистенции. Тој настапува и за младинската репрезентација на Македонија.