Дејан Кулушевски во битка за трофејот „Златно момче“

Фудбалерот на италијанскиот клуб Парма, со потекло од Македонија, Дејан Кулушевски, се најде на листата на фудбалери кои конкурираат за наградата „Голден бој“.

Во конкуренцијата „Голден бој“ се наоѓаат 100 фудбалери, меѓу кои има и големи имиња на фудбалери од Барселона, Реал Мадрид, Арсенал, Манчестер сити.

Меѓу познатите играчи кои конкурираат за оваа титула се Ансу Фати од Барселона, дваоецот на Борусија Дортмунд Џејсон Санчо и Ерлинг Халанд, Фил Фоден од Манчестер сити, Сандро Тонали од Бреша, Габриел Мартинели од Арсенал, Родриго и Рејниер од Реал Мадрид.

Кулуевски во 2016 година дебитирал за репрезентацијата на Македонија за 16 години. Во 2017 година, Македонија направила обид да го придобие играчот во сениорскиот национален тим. Сепак, тој одбил затоа тоа што сакал да ја претставува Шведска во иднина.
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ пренесува дека непишано правило е дека добитникот на наградата „Голден бој“ подоцна станува топ класа во светскиот фудбал.
Во минатото наградата „Голден бој“ ја добиле Лионел Меси, Вејн Руни, Пол Погба, Сеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Килијан Мбапе, Матијас Де Лихт, Жоао Феликс.
Scroll to Top